Градот Скопје со хуманитарна помош од 112.000 евра за граѓаните на Украина

Предлог Градот Скопје да упати хуманитарна помош во вредност од 112.000 евра за граѓаните на Украина упати денеска скопската градоначалничка Данела Арсовска.

Во објавата на Фејсбук таа напиша дека таквиот предлог ќе го упати до Советот на Град Скопје.

-Донесов одлука до Советот да предложам градот да помогне со хуманитарна помош за граѓаните на Украина во износ од 7 милиони денари. Оваа одлука за хуманитарна помош е израз на солидарност за граѓаните на Украина зафатени со воениот конфликт. Живееме во турбулентни времиња соочени со големи предизвици. Никој не сака конфликти и страдања, да се обидеме да помогнеме колку што можеме, напиша Арсовска.

Таа потсети дека Скопје е град на солидарноста.

-Ние скопјани најдобро знаеме колку значи да пристигне хуманитарна помош кога е најпотребна, особено за лицата кои кои останаа без своите домови, потенцира Арсовска.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Именување на Фрчкоски за амбасадор во ОOН е срам за Македонија
Следна вестНад 200 казни за брзо возење