Градските паркинзи во Скопје бесплатни за празниците

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје со известување за работното време на јавните паркиралишта за новогодишните празници.

За време на новогодишните празници јавните паркиралишта Народен фронт, АМСМ, Дом на печат, ЗОИЛ, Тутунски комбинат и 8-ми Септември, ќе бидат слободни за паркирање на 1 и 2 јануари 2023 година, односно нема да се врши наплата на истите.

Јавните површини наменети за паркирање (зонските паркиралишта), исто така ќе бидат слободни за паркирање без вршење на наплата на 1 и 2 јануари 2023 година.

-Паркиралиштата Кочо Рацин, Градска болница, Клинички центар „Мајка Тереза“, Треска, како и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“, ќе работат со редовно работно време 00:00 – 24:00 часот и редовна наплата на истите, се наведува во информацијата.

 

 

Претходна вестСветиниколчанец пукал во жена па потоа се самоубил
Следна вестПриведен скопјанец осомничен за пожар во домот „Ранка Милановиќ“