Home АКТУЕЛНО Граѓани преку мејл се известуваат дека добиле пратки – од Пошта велат дека е измама

Граѓани преку мејл се известуваат дека добиле пратки – од Пошта велат дека е измама

0
Граѓани преку мејл се известуваат дека добиле пратки – од Пошта велат дека е измама

На социјалните мрежи се шират пораки со кои на граѓаните преку електронска пошта им се соопштува дека за нив во Пошта има стасано пратка. По тоа од корисниците се бара да го платат износот па да ја подигнат пратката. Досега многумина веќе наседнале, а за случаите е известена и полицијата.

Од АД „Пошта на Северна Македонија“ велат дека тие известувања на социјалните мрежи се дезинформации и дека не ги испраќала компанијата и ги советуваат граѓаните веднаш да пријават во МВР.

Додаваат дека единствено и официјално известување за достава на пратките е преку разнесувачите и апелираат секој неовластен обид за злоупотреба на пошта да се пријави.