Граѓани не можат ни четиричасовниот полициски час да го преседат мирно

Четиричасовниот полициски час, кој на сила беше синоќа од 12 часот на полноќ до четири часот утрово го прекршиле 34 лица, информираат од МВР.

Од таму додаваат и дека во текот на изминатото деноноќие, мерката за носење заштитна маска, како превенција од коронавирусот, ја прекршиле 396 граѓани.

Ресорното министерство апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата за спречување на ширењето на Ковид-19.

Претходна вестТрката „Прв до врв“ утре го менува сообраќајниот режим
Следна вестЗаев: Можеме денеска да кажеме стоп на легализацијата, но тоа значи дека од утре ќе треба да се срушат 50.000 домови