Темен режим Режим на светлина

Граѓаните до новоизбраните: Време е да почнете со работа, доста е со парадирање и ветувања дека ќе работите

Локалните избори завршија. Државната изборна комисија ги соопшти првичните официјални резултати. Не се очекува поднесување на жалби од страна на учесници во процесот што значи дека наскоро првопласираните ќе бидат и официјално прогласени за избрани на изборите.

Од друга страна поголемиот број на кандидати кои победија во првиот изборен круг веќе заседнаа во градоначалничките фотелји.

Граѓаните јасно пратија една порака преку гласачките ливчиња, а сега преку социјалните мрежи испраќаат и нова порака:

„Доаѓа време за вистинска работа на новоизбраните градоначалници. Доста е парадирање, славење и кажување дека ќе го направат ветеното. Засукајте ракавите и да видиме на терен како се подобруваат работите кои инаку се катастрофални. Искуството низ годините наназад покажува дека ниту половина од ветеното градоначалниците не го исполнуваа. Овој пат тоа не смее да биде така. Дебело се платени за да си ја вршат работата и тоа треба да почне веднаш, потенцираат граѓаните.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Приведен скопјанец, при преглед пронајдена дрога

Следна објава
Еден авион – различни летови на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, ќе извлечат ли поука Социјалдемократите?

Пожарникарот Мицкоски