Темен режим Режим на светлина

Граѓаните за даноци кон Град Скопје должат над 36 милиони евра

Градот поднел барање до Владата за враќање назад на скривниците под Кале Градот поднел барање до Владата за враќање назад на скривниците под Кале

Граѓаните и компаниите по основ на даноци и такси должат кон Град Скопје над 36 милиони евра, информира денеска градската администрација.

Оттаму ги повикуваат сите даночни и такси обврзници кои немаат платено данок на имот, данок на промет, данок на наследство и подарок и комунална такса-фирмарина, да ги подмират обврските во најкраток временски рок.

Увид во долгот и електронска уплата може да се изврши преку електронската платформа на Град Скопје: https://danoci.skopje.gov.mk/gskopje/root/public/login.xhtml.

Од Градот посочуваат и контакт телефони на кои може да се јават граѓаните за повеќе информации.

за данок на имот: 072/204-434 и 02/3207-546 како и е-маил адресите: anitan@skopje.gov.mk, nuredin.nuredin@skopje.gov.mk,
за данок на промет, наследство и подарок: : 02/3297-298 и 02/3297-296 како и е-маил адресата: biljana.manakoska@skopje.gov.mk,
за комунална такса-фирмарина: 02/3297-314 како и е-маил адресата: angelina.gievska@skopje.gov.mk, и
за даночно сметководство: 02/3297-298 и 02/3297-296, како и на е-маил адресата: katerina.donev@skopje.gov.mk.

Уплатата на данокот може да се изврши и на шалтерите на Град Скопје кои работат секој работен ден од 8 до 19 часот и во сабота на 13 декември.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Нови сезонски авиолинии: Од Бодрум до Скопје од јули

Следна објава
Филипче: Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, на акцизата за 4 денари и 0% ДДВ за храната

Следи мобилизација, помогнете да ја зачуваме нашата татковина, безбедноста и иднината на Македонија, кажа Венко Филипче