Поголемо количество на разновидно оружје најдено е вчера од страна на полицијата закопано во една нива меѓу струшките села Франгово и Калишта. Полициската акција е спроведена по претходните оперативни сознанија дека на таа локација е сокриено оружје и муниција.
Според неофицијалните информации најдени се неколку десетици сандаци со муниција и во кои имало ракетни гранати но и рачни ракетни лансери.
Полицијата повеќе информации за оваа акција најави за подоцна.
-Во координација со обвинителството работиме на расчистување на случајот, велат од МВР