Граничната рампа на Евзони спуштена, Македонците не можат во Грција

Граничниот премин меѓу Македонија и Грција, Евзони, од утринава е отворен за сообраќај но само за патници со грчки пасоши, објавија повеќе медиуми. Според информацијата на АМСМ граничниот премин Богородица на македонска страна е отворен, нема чекања, но македонски граѓани јавија дека проблемот е на грчка страна.

Иако премиерот Зоран Заев вчера од Атина порача дека Грција од денес ги отвора границите и за Македонци,со услов да имаат негативен ПЦР тест не постар од 72 часа, или со потврда за вакцинација, сепак денеска на многумина кои што се одлучија да патуваат кај нашиот јужен сосед не им беше дозволен влез во државата.

Објаснувањето на грчките полиција е дека за сега се уште не добиле официјално одобрување за влез на останати патници.