„Грев или шприцер“ вечерва на Јутјуб каналот на Драмски театар

„Грев или шприцер“ е претставата на Драмски театар што вечерва со почеток во 20 часот, ќе се емитува на На Јутјуб каналот на театарот.

Претставата на Сашко Насев е во режија на Деан Дамјановски.

Утре пак, во 19 часот на нивниот Јутјуб канал ќе биде прикажана претставата за млади „Капетанот Џон Пиплфокс“ по текст на Душан Радовиќ, а во режија на Коле Ангеловски.