Грипот се размавна: двајца пациенти во критична состојба на Инфективна

Двајца пациенти се во критична животозагрозувачка состојба заради компликации предизвикани од грипот, соопштија денeска од оваа болничка установа. Пациентите се приклучени на механичка вентилација со цел да се намалат опасностите по живот.

На Инфективната клиника се хоспитализирани вкупно 38 пациенти со компликации од грип.

Денеска и од Клиниката за детски болестри соопштија дека три деца се во сериозна здравствена состојба заради компликации од грипот. Тие имале потешка форма на бронхопневмонија.

Вчера на таа клиника заради грипот почина 14-годишно девојче кое претходно имало хронична болест.