Грипот зема уште 4 жртви, вкупно 15 луѓе починаа досега

Здравствените власти денеска соопштија дека изминатата недела регистрирани се 4 смртни случаи поради компликации од грип. Двајца од нив се од Скопје, еден од Охрид и еден од Тетово.
Починатите се на возраст меѓу 50 и 73 години.
Досега бројот на починати е 15, на возраст се меѓу 5 и 85 години. Кај две лица утврдена е претходна хронична болест, односно постоење на ко-морбидитет.
Сепак, лекарите смируваат дека во текот на 10-та недела од 2019 година, пријавени се 2429 случаи со заболувања со симптоми на грип, што е за 9,3 отсто намалување во споредба со претходната недела.