ГРК Охрид се засили со Савревски

29

Ракометниот суперлигаш ГРК Охрид продолжува со ангажман на нови играчи. Најново засилување за Охриѓани е македонскиот репрезентативец Давид Савревски.

–Давид Савревски ново име во редовите на ГРК Охрид! Македонскиот репрезентативец игра на позицијата десен бек (195цм) и има само 22 години. Стави потпис со “Гладијаторите” на миниум 2 години, објави ГРК Охрид.

Савревски во новата клупска средина доаѓа од Алкалоид по три сезони и настапи во Европските купови, а пред тоа играше и за Вардар.

Сезоната 2024/25, ГРК Охрид ја заврши на 4.место и обезбеден пласман во евро-куповите следната кампања.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестДел од Влае денес ќе нема вода
Следна вестЛишен од слобода возач од струшко, управувал возило со 2,61 промили алкохол во крвта