Грковска откри како треба да се владее: Политичарите треба да бидат пример за работење со интегритет…

Македонија тоне во корупција. Ова го констатира и домаѓната јавност и странците. Сиоте заедно укажуваат дека треба и да се бара лекот за таа загрижувачка состојба.

Како тоа да се стори свое видување има и заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска:

-Убедена сум дека жените и младите се носители на позитивните промени во општеството. И затоа ми е драго што денеска ја прошируваме мрежата за соработка и поддршка на жени, кои се или биле вклучени во напорите за промоција и вградување на принципите за добро владеење, за превенција и справување со корупцијата, истакна таа на втората регионална конференција на Форумот на жените лидери од ЈИЕ за добро владеење и антикорупција.

Оваа конференција денеска се одржува во Скопје.

-Клучна е политичката волја. Ние политичарите треба да бидеме пример за работење со интегритет и понатаму тоа да го бараме од другите, истакна Грковска.

Сумирајќи ги излагањата на панелистиките, таа заклучи дека општата атмосфера на неказнивост ги дерогира нашите општества.

Кој е виновен што во Македонија има неказнивост сигурно повеќе ќе се анализира на некоја друга конференција…

Претходна вестГори борова шума, 2 „ер трактора“ и еден хеликоптер гаснат пожар во Брвеница
Следна вестАкциска контрола, констатирани 75 сообраќајни прекршоци на територијата на Македонија