Гром предизвика пожар во четири куќи во Прилеп

Вкупно четири куќи ноќеска гореа во Прилеп по ударот на громот во една од нив за време на невремето кое го зафати градот. Според првичните информации, громот удрил во една семејна куќа на улицата “Кузман Шапкарев” во прилепската населба „Марино маало“. Огнот, потоа, брзо се проширил на уште три други објекти.

Локалните медиуми инфорамираат дека прилепските пожапникапи успеале да спречат ширење на пожарот. При интервенцијата неколкумина од пожарникарите се полесно повредени пожарникари.

Пожарот е целосно изгаснат околу 3 часот, а за штетите ќе има информации во текот на денот.

Претходна вестИскршени стакла и дупнати гуми на македонските возила во Калитеа и Афитос во Грција
Следна вестТриесетина интервенции на ЈП „Паркови и зеленило“ по вчерашното невреме