Гром предизвика пожар во охридско

Гром предизвика пожар во охридското село Ливоишта. Според првичните информации на Противпожарната бригада, пожарот бил предизвикан од гром.

– Благодарност до членовите на ДПД Ентузијаст Охрид-Дебрца кои помогнаа во санирањето на штетите од овој пожар, велат од Противпожарната бригада на Охрид.

Засега не е познато дали има повредени лица и дали некој имало во куќата, во моментот кога избувнал пожарот.

Претходна вестДојавите за бомби и денеска го прекинаа првиот училишен час
Следна вестУапсен дилер, му нашле дома пола килограм марихуана