Темно Режим Светло Режим

Груби треба да каже дали грепка во „Државна лотарија“ влечел и поранешниот премиер Ковачевски?

Груби треба да каже дали грепка во „Државна лотарија“ влечел и поранешниот премиер Ковачевски? Груби треба да каже дали грепка во „Државна лотарија“ влечел и поранешниот премиер Ковачевски?

Кој имал среќа со добивки во „Државна лотарија”, особено во истражниот предмет за 8-те милиони евра, повторно се враќа во фокусот по апсењето на Артан Груби?

Во кривичната пријава, покрај него, беа опфатени уште седум лица – меѓу нив е тогашниот директор на Лотаријата кој се уште е во бегство, а и поранешниот премиер Димитар Ковачевски.

Во декември 2024 година Обвинителството отвори истрага за дел од осомничените – за двајца за проневера, а за повеќе лица за злоупотреба на службена положба. Но, за Ковачевски тогаш беше соопштено дека нема доволно докази за покренување истражна постапка.

Сега, кога се очекува започнување на судски процес се отвора дилема:

Дали во исказот на Груби, Обвинителството ќе најде нови елементи што ќе ја сменат сликата за улогата на Ковачевски, за кого не беше отворена истрага?

Дали од сведочењето на Груби ќе произлезат конкретни индиции што ќе водат кон повторно отворање на прашањето за одговорноста на поранешниот премиер?

Одговорот на тоа прашање мора да се расчисти, јавноста мора да знае дали грепка во „Државна лотарија” извлекол и Димитар Ковачевски.

Претходниот Пост
Има уште место, ќе се пополнат ли до врв магацините на МВР со дополнително конфискувана марихуана?

Власта почна да го одмотува замрсеното клопче околу марихуаната, ќе го направи ли тоа до крај?

Следниот Пост
Првпат за еден ден никој не поминал на црвено, ама се уште има многу пијани возачи

Првпат за еден ден никој не поминал на црвено, ама се уште има многу пијани возачи