Хакер ги украл личните податоци на сите Австријци

Неименуван хакер од Холандија ги украл адресите и личните податоци на сите жители на Австрија. Хакерот ги понудил податоците на продажба на интернет форум, претставувајќи ги како: „полно име, пол, полна адреса и датум на раѓање“, на секој граѓанин во Австрија.

Украдената хакерска „збирка“ се состои од речиси девет милиони групи податоци, истакнува полицијата. Австрија има околу 9,1 милион жители.
Хакерот на продажба ги ставил и сличните групи податоци од Италија, Холандија и Колумбија.

Бидејќи тие податоци за жителите на Австрија биле достапни на интернет, апсолутно мора да се претпостави дека сега, во целост или делумно, се во рацете на криминалци, предупредува полицијата. Осомничениот хакер е 25-годишник, а уапсен е во својот стан во Амстердам.

Претходна вестМалолетничка на Инстаграм запознала момче, ја снимал, па ја принудувал на секс со уште 4 други лица
Следна вестВо Лондон изгоре црква стара повеќе од 150 години