Хеликоптер на Македонската Армија принудно слетал кај Коњари

174

Хеликоптер на Македонската Армија принудно слетал кај селото Коњари. При слетувањето немало повредени.

– Во текот на денешниот ден при редовно извршување на летачка обука во воздухопловниот ВИНГ, следејќи ги безбедносните процедури поради појава на сигнализациско предупредување на инструментите за појава на грешки во работа на моторот, во време околу 14 и 30 часот е пристапено кон принудно слетување во реонот на селата Средно Коњаре и Долно Коњаре, во реонот на Петровец.

По безбедното слетување на хеликоптерот се преземени сите стандардни оперативни процедури за обезбедување на местото, се до утврдување на причината на дефектот и оспособување на хеликоптерот. Нема никакви оштетувања на хеликоптерот и посадата е безбедно слетана, се вели во соопштението на Армијата

Претходна вестБитиќи: Откако ќе биде формирана заедничката компанија, ќе се потпише договорот за концесија за „Чебрен“
Следна вестУапсен 16-годишник, нападнал и ограбил битолчанец