Хигиеничарка на Психијатрија снимала пациентка па ја објавила снимката

СВР Тетово, поднесе кривична пријава против А.А. (47) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични  дела „несовесно работење во службата“ и „неовластено снимање“.

-На 28.11.2023 пријавената, вработена како хигиеничарка, во клиничка болница во одделот за психијатрија, неовластено снимала пациентка. Потоа,  видео снимката ја објавила на социјална мрежа, со што наштетила на угледот и честа на пациентката, се наведува во соопштението.

Претходна вестТачи: Нема да гласам за смена на министрите, Села е обичен криминалец и измамник
Следна вестОдбележани 68 години од мавровската снежна трагедија кога лавина однесе 52 животи