„Хоризонти“ на Миланова и Таневски во Музеј на град Скопје

Денеска се отвора изложбата на делата на Ана Малинова и Игор Таневски, заедничка изложба претставена во Музејот на град Скопје. Поводот за изложбата е наградата „Борко Лазески“ што младите уметници ја добија во 2018 година.
Музејот на град Скопје прифати секоја година да организира самостојна изложба на студент од Факултетот за ликовни уметности од Скопје кој во претходната учебна година ја освоил наградата „Борко Лазески“ за инвентивни достигнувања во сликарскиот оддел.
Сега тоа се Миланова и Таневски.