Хорор во Шпанија, тело на бебе пронајдено во погон за преработка на отпад

Тело на бебе е пронајдено во погон за преработка на отпад на периферијата на шпанскиот град Валенсија, соопшти Цивилната гарда.

На телото на бебето сè уште е прикачена папочната врвца, објави шпанскиот медиум „Ла Разон“.

Покрената е истрага за да се утврди каде е фрлено телото на бебето, како и да се лоцираат родителите.

Погонот за преработка на отпад каде што е пронајдено бебето обработува меѓу 400 и 500 тони ѓубре дневно.

Претходна вестДел од Карпош и Гази Баба без струја
Следна вестАлонсо: Знаеме што треба да поправиме, на добар пат сме!