Kритики стигнуваат од сите страни по одлуките на владата од вчера да се вратат на работа сите родители, хронично болните и оние кои беа на продолжено породилно отсуство. Особено затоа што ваквата одлука се случува паралелено со веќе утврдените протоколи децата над трето одделение да учат онлајн.
-Не ја разбирам логиката да ги враќаш сите на работа, па дури и хронично болните, а децата да не одат на училиште?! – вели Соња Н., родител на дете основец во Аеродром.
-Па хронично болните се тие кои беа први повлечени од работа кога бројката на заболени на дневно ниво беше околу 20, сега кога се најува страшна есен и зима, сите ќе работат? Надвор од сите логики е ова – додава Лазе Г. кој е наставник во основно училиште.
-Дали е ова премолчно воведување на шведското сценарио за колективна имунизација?! Ако е треба да знаеме а не да кријат, смета Миле А.
Во меѓувреме, над 100 училишта побарале од Владата настава со физичко присуство, односно да не учат децата онлајн. Што ќе направи Комисијата за заразни болести не се знае. Реално, изводлива е настава скратена и во групи, а дел од епидемиолозите сугерираа и одложување на стартот на учебната година за на пролет или за следниот септември. Како и да е, неизвесноста останува барем до овој момент иако сме на само 15 дена од 1-ви октомври за кога е најавен почетокот на учењето.