Хрватска нема да ја чека ЕУ, ќе набавува руска вакцина

Руската вакцина против Ковид-19 полека ја освојува и ЕУ каде тешко се снапќаат со набавување на вакцини од западно потекло. Имено, во Хрватска во следните недели можно е да пристигнат до два милиона дози на руската вакцина „Спутник V“, а се чекаат само регулаторни фактори што мора да се исполнат за да се увезе вакцината, објавиле тамошен портал кој ги пренесува МИА.

Порталот се повикува на извор близок до врвот на владата, кој рекол дека деталите за соработката со Русија ги договориле вчера хрватскиот министер за здравство Вили Берош и рускиот амбасадор во Хрватска.

Според неофицијални информации, наведува Индекс, Хрватска нема да чека руската вакцина да биде одобрена од Европската агенција за лекови (ЕМА).

Бидејќи се очекува ЕМА да донесе одлука во април, хрватската Агенција за лекови и медицински помагала ХАЛМЕД, што е можно поскоро, оваа недела ќе донесе одлука за одобрување на „Спутник V“.

Според извор близок до ХДЗ и премиерот Андреј Пленковиќ, Хрватска на овој начин ги штити своите интереси.

Претходна вестВо петок „Гала оперски концерт“ во МОБ
Следна вестНиту мразот не ги успорува, казнети 229 возачи, 6 биле почетници