Темно Режим Светло Режим

HUGEL го освојува Скопје: Француската DJ ѕвезда носи спектакл во „Борис Трајковски“

HUGEL го освојува Скопје: Француската DJ ѕвезда носи спектакл во „Борис Трајковски“ HUGEL го освојува Скопје: Француската DJ ѕвезда носи спектакл во „Борис Трајковски“

По серија настапи на најпрестижните светски сцени и фестивали, меѓу кои Tomorrowland, Ushuaïa Ibiza и Parookaville, HUGEL моментално важи за еден од најбараните DJ-и и продуценти на глобалната сцена. Неговиот препознатлив звук – микс од tech-house, latin-house и европска клубска енергија – редовно се наоѓа на врвот на стриминг платформите.

Настапот во Охрид беше оценет како еден од највпечатливите електронски настани во последните години, а очекувањата за скопското шоу се уште поголеми. Организаторите најавуваат продукција на светско ниво, усогласена со стандардите што HUGEL ги поставува на меѓународните сцени.

„Публиката ќе добие шоу со целосна визуелна и звучна продукција, каква што се гледа на најголемите европски фестивали“, велат од организацијата.

Продажбата започна на 9 декември во 10:00 часот преку kupikarta.com.

Во првите 24 часа беа достапни SUPER EARLY BIRD билети по цена од 1.200 денари, како ограничена промотивна понуда. Дополнително, најбрзите 100 купувачи ќе мoжеа да обезбедат ексклузивни MEET & GREET backstage пакети, кои вклучуваат пристап задсцената и кратка средба со артистот пред почетокот на настапот.

Организаторите апелираат љубителите на електронската музика да реагираат навреме, бидејќи интересот се очекува да биде значително зголемен, како од локалната публика, така и од фанови од регионот.

Со овој настан, Македонија повторно се позиционира како важна точка на балканската електронска сцена. 13 март 2026 година ветува вечер што долго ќе се памети.

Претходниот Пост
Отворен конкурсот за книжевната награда „Пегаз“ – рокот за аплицирање е до 1 јуни

Отворен конкурсот за книжевната награда „Пегаз“ – рокот за аплицирање е до 1 јуни

Следниот Пост
Роналдо со 961 гол го одбележува 41-виот роденден

Кристијано Роналдо влезе во сопственичката структура на Алмерија