„Хумана приказна“ во кино Фросина

Вечер со почеток од 20 часот, во кино Фросина премиерно ќе биде изведена претставата „Хумана приказна” од Кaтерина Момева во режија на Бесфорт Идризи. Таа е дел од проектот „Мој Омбудсман – театарот како метод за зголемување на основните човекови права“, во продукција е на „Онлимит медиа“ и во партнерство со Народниот правобранител.

Целта е да ги запознае граѓаните. пред сè младите и жените, за надлежностите на институцијата Народен правобранител, да го зголеми присуството на Правобранителот во руралните подрачја и да ги промовира професионалноста, експертизата и транспарентноста на Канцеларијата на Народниот правобранител.