Хуманитарна аукција на слики

Со почеток во 20 часот денеска ќе стартува хуманитарна аукција на слики, во организација на невладината организација „Акација“. Станува збор за аукција на слики од академскиот сликар Павле Кузмановски.

Собраниот приход ќе биде дониран на Здружението на пациенти со малигни заболувања „Животна искра” од Скопје. Аукцијата ќе се одржи во галеријата на Културно-информативниот центар од 20 часот, а ќе има и музичка програма со настап на обоистот Васил Атанасов и гитаристот Дарко Багески.