И амбасадорот Жерновски од Букурешт е повикан на консултации

Андреј Жерновски, амбасадорот на Македонија во Романија, е повикан на консултации во Министерството за надворешни работи.

Повикот му бил упатен вчера, а се очекува наредните денови да дојде во Скопје од Букурешт и да се сретне со шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски. Причините за консултациите се уште не се откриваат

Жерновски дипломатската функција во Романија почна да ја извршува лани во октомври. Пред да биде назначен за амбасадот на РС Македонија во Република Романија ја извршуваше функцијата заменик-министер за надворешни работи.

Покрај Жерновски, на почетокот на јули на консултации во МНР беше повикан и македонскиот амбасадор во Организацијата на обединетите нации (ООН) во Њујорк, Љубомир Фрчкоски.

На разговор во МНР беше повикан и македонскиот амбасадот во Рим Весел Мемеди, како и амбасадорот во Тирана Данчо Марковски.

Претходна вестСо спектакуларна церемонија свечено отворени Летните олимписки игри во Париз
Следна вестПолицајци објавувале фотографии со оружје на социјалните мрежи, ќе добијат кривични пријави