И денешните дојави за бомби во училиштата и Народната банка лажни

Лажни се денешните дојави за поставени бомби во девет средни училишта и во Народната банка на Македонија, соопшти полицијата.

Министерството за внатрешни работи ја извести јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Скопје и НБРМ, кои добиле порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа.

-Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, се наведува во соопштението.

Денешната закана за бомба во Народната банка се случува по првпат во една државна установа.

Претходна вестМакедонците го слават Св. Климент Охридски самостојно, достоинствено…
Следна вест„Исплива“ правилникот на Маск за вработените во Твитер: Напуштете ги бесмислените состаноци