И денеска многу топло, ќе залади од среда

Врелото сонце уште од утрово го најави новиот топол ден во Скопје. Ќе има мала до умерена облачност, но тоа нема да спречи максималната температура да достигне до 35 степени.

Слично време ќе има и во останатите делови на Македонија. Ќе дува слаб и умерен ветер претежно од североисточен правец. Попладне претежно во западните делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени.

До вторник ќе биде топло со променлива облачност и со услови за изолирана нестабилност претежно во планинските региони. Од среда ќе дува умерен до засилен ветер и во попладневните часови од денот ќе има повремено пороен дожд проследен со грмежи, а температурите ќе опаднат за неколку степени.

Претходна вестДете повредено во приватна градинка, родителот не бил информиран па пријавил во полиција
Следна вестЧија оценка е поважна за Ковачевски – од народот или од странците?