И денеска нестабилно време – попладне пороен дожд, грмежи и ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно, од пладневните часови нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена. УВ=6.

Во Скопје променливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 30 степени.

До петок ќе се задржи нестабилно време, претпладне претежно сончево, а во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.

Претходна вестРаспишан трет по ред конкурс за „Раскажувам фотографија“, еве кои се условите за учество
Следна вестГи видоа ли надлежните? Дождот пак ги покажа скопските подвозници кои се за поправка