И денеска нови дојави за подметнати бомби: Евакуирани учениците од „Никола Карев“ и од „Корчагин“…

По два дена закани за поставени бомби во средните училишта во градот Скопје, кои ја вознемирија јавноста, и денеска информации за нови евакуации. МВР Скопје соопшти дека на мејл адреса на едно училиште е испратена закана за поставена експлозивна направа.

-Веднаш по добиената пријава, од страна на полициските службеници се преземаат мерки за безбедно евакуирање на училиштето и антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, се наведува во соопштението.

Според сознанијата се работи за средното училиште „Никола Карев“ од скопската општина Карпош.

Околу 15 часот и 15 минути и учениците од гимназијата „Раде Јовчевски – Корчагин“ добиле наредба да ја напуштат училишната зграда.

-Бевме на голем одмор по вториот чест. Кога сакавме пак да се вратиме во зградата еден од професорите ни рече да не влегуваме. Истовремено, од зградата почнаа да излегуваат и преостанатите ученици. Не ни кажаа дали е пак добиена пријава за бомба, ни рече еден ученик.

Дојави за бомби стасале и во МБУЦ „Илија Николовски – Луј“, Медицинското училиште „Панче Караѓозов“, како и гимназијата „Георги Димитров“ кои претходните 2 дена немаа дојави.

Фото: Архива

Претходна вестФилипче тврдеше дека нема да има пенали, а Сали сега преговара да се намали обештетувањето од 8,5 милиони евра
Следна вестПрофесор Димовски: По дојавите за бомби во Србија требаше да се подготвиме за таквото сценарио и кај нас