Сончеви периоди во претпладневните часови, но попладне нестабилно со услови за локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, прогнозираат синоптичарите за денеска на скопското подрачје. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 28 степени.
На подрачјето на земјава се очекува променливо облачно со сончеви периоди, особено во претпладневните часови. Локално ќе биде неста со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 31 степен.
Од утре се очекува стабилизација на временската состојба со сончево време и мала до умерена облачност.