И деновите што следат ќе биде облачно и врнежливо

Нов топлотен бран нема да следи за брзо време, оти според метеоролозите, и деновите што следат можеме да очекуваме постуден и врнежлив период. Такво ќе биде и денеска во Скопје: умерено облачно со услови за повремен дожд.
Утринската температура денеска беше околу 16-от, а дневната максимална до 25 степени Целзиусови.
И следните денови ќе се задржи променливо и посвежо време со локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат проследени со грмежи.