И две деца меѓу деветмина повредени во сударот на булеварот „Словенија“

Во сударот на три возила на булеварот „Словенија“ повредени се девет лица меѓу кои и две деца, соопшти полиција.

МВР информира дека вчера во 14.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Словенија” во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген”, управувано од М.Б.(25) од Скопје, патничко возило „опел”, управувано од И.Ш.(52) од Скопје и патничко возило „мерцедес”, управувано од И.А.(34) од с.Љуботен, скопско, сите три со скопски регистарски ознаки.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од возилото „фолксваген”, а со телесни повреди се здобиле тројцата возачи, сопатниците од возилото „опел”, Ј.Ш.(49) и Б.Ѓ.(24), како и малолетен сопатник, сите од Скопје, како и сопатниците од возилото „мерцедес”, Н.Ш.(49) и малолетен сопатник, двајцата од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски”, Комплексот клиники „Мајка Тереза” и Градската општа болница „8 Септември”, се наведува во информацијата.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Претходна вест65 новозаразени со Ковид – 19, три лица починаа
Следна вестВандализиран и пред да се отвори, Македонскиот клуб во Благоевград остана без буквата „М“