И малиот одзив е сериозна порака до партиите

Многу послаб одзив на гласачите во споредбата со локалните избори во 2017 година е карактеристика на вчерашните локални избори. Последни податоци кои што ги соопшти ДИК по обработка на на 95 проценти од гласовите покажуваат дека на вчерашното гласање излегол само секој втор запишан граѓанин. Односно, одзивот беше 48,99 проценти бидејќи од запишаните 1.824.864 граѓани правото на глас го искористиле нив 848.104. Пред четири години, пак, процентот на гласачите изнесувал  59,51 процент, што значи за цели 10 проценти повеќе отколку вчера. Или, од запишаните 1.814.864 се изјасниле 1.079.876 граѓани.

Ова се податоци кои партиите треба да ги анализираат. Зошто многу лица не излегоа на гласање?

Очигледно е дека граѓаните сега биле многу помалку мотиварани да одат на гласање и да го дадат својот глас на некој од кандидатите за градоначалници и советнички листи. А тоа е очигледна порака која граѓаните овојпат им ја пратија на партиите и на сите други учесници на изборите.

-Многу лажни ветувања и овој пат слушаме. Доста ми е од тоа и нема да ги гласам, беше една од многуте реакции на граѓани на социјалните мрежи.

Дали овој сигнал го препознаваат во партиите? Ќе се менуваат ли во односот кон граѓаните или доволни им се гласовите од нивните партиски членови? 

Наскоро е вториот круг – ќе видиме дали ќе продолжат бомбардирањата со ветувања од кои многу се неостварливи, проѕирни…

Претходна вестЧиј отпечаток е врз пропустите кои ги предизвикаа скапите фингерпринт апарати?
Следна вестШилегов против Арсовска води само во Сарај, Шутка, Чаир и Центар