И на Артан Груби му пречи корупцијата и селективната правда

Корупцијата го разјадува македонското ткиво. Така е со години. Има многу корупција во извршната власт, во администрацијата, во партиите… И има многумина кои со години се недофатливи за правдата.

Сето тоа му пречи и на вицепремиерот Артан Груби. Тој вели дека во Македонија има селективна правда.

– Имаме селективна правда, за жал, и тоа го имаме констатирано во неколку наврати во неколку случаи. Но, јас сметам дека вие медиумите, невладините организации, политичките партии, но и судството, судиите, обвинителите, треба заедно да смогнеме сили да започнеме процес на цел општествен ветинг, да расчистиме еднаш и засекогаш со сите корумпирани политичари, новинари, судии, обвинители и да пројдеме низ тој процес на прочистување како општество и да го вратиме кредибилитетот и довербата во институциите. Затоа, се надевам дека 2023-та ќе биде година кога ќе го усвоиме законот за ветинг и ќе започнеме со тој процес, рече Груби на ТВ24.

На прашањето кој ја опструира правдата, Груби со одговор дека „корупцијата е главен кочничар“.

Претходна вестСега ќе и тргне на Македонија: Го изгласаа „развојниот Буџет“
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Арсовска бара 11 милиони за ПР услуги, а нема пари за превозниците на кои им должи