И на бандерата и се здосади сама во полициските часови

Да чмаеш сам во полициски час, не е лесно. Дури и за бандерите. Многу ги има накривени-навалени речиси во секоја скопска населба. Да, знаеме, некои се навалени и со месеци порано… Добар дел се во фаза кога им пркосат на законите на физика. Односно, веќе се во фаза на ризикот да се урнат заради големото накривување.

Во таква опасна фаза е и бандерата која ја затекнавме на автобуското стојалиште кај Домот на печатот. Ризикот да се урне е голем.

Ќе реагира ли некој? Или и надлежните имаат накривено капа…