И на петмина светиниколчани им се шетало, ама…

Фатени две млади лица како го прекршуваат полицискиот час во Свети Николе. Имено, две лица од Свети Николе, на возраст од 19 и 21 година, биле приведени ноќеска во 2:20 часот.

Тие во автомобил „Сузики сфивт“ без регистерски таблички биле пресретнати од страна на полициски службеници.

Инаку, во истиот град вчера полицијата открила и три лица кои не ја почитувале самоизолацијата иако при влез во Македонија потпишале изјави дека ќе седат дома 14 дена.

За сите нив, Обвинителството упатило барање до Судот да им се изрече парична казна.