И официјално, македонскиот репрезентативец Адеми е нов фудбалер на кинескиот Пекинг Гуан

Аријан Адеми после 13 години поминати во Динамо Загреб, и официјално е нов фудбалер на Пекинг Гуан од Кина. Истовремено Динамо Загреб вчера одлучил да го повлече од употреба дресот со бројот 5 се додека доскорешниот капитен и најтрофеен играч во историјата на клубот, Адеми не ја заврши кариерата.

За нашиот 31-годишен фудбалер кој ќе игра со бројот 45 на својот дрес, се вели дека настапува во средниот ред, како дефанзивен играч за врска или централен играч за врска на теренот, одличен во напаѓачкиот и одбранбениотдел.

За Македонската фудбалска репрезентација до сега има 28 настапи и четири голови.

Претходна вестЌе се делат ли во Скопје субвенции од по 3.200 евра за еко-возила за граѓаните и за таксистите?
Следна вестЌе загубат ли Јордан Мијалков, Тодор Александров, Кензо Танге, Ѓорѓи Колозов… улици во Скопје?