И пеглањето е поарно од гледањето вести

Епа драги мои пријатели овој пат нема да мрчам за вестите шо ги даваат на македонските телевизии. Цела недела не ги гледав уопште. Сам побарав од жена ми да го сокрие даљинското, ама уште после првиот ден видов дека нема потреба од криење… ја едноставно не посакав да ме лажат и манипулираат некои уредничиња. Леле… која убавина било тоа, ем си се шетав надвор со жена ми, ем си се извидов со пријатели, ем не напрегав глава и нерви за да ги издржам манипулаторите кои преку екранот ме убедуват дека во Македонија е прекрасно и дека Заев и компанија саде на убавата перспектива на мојта земја мислат.

Е мора да признам дека по малку од време на време ѕиркав на интернет, ама колку да знам шо се дешава у Македонија. На интернет е малку поарна ситуацијата, таму има и по некој пореален медиум.

Ќе се збогуваш ли од ТВ вестите, ме праша жена ми.

Нормално, и реков, а таа како ми се виде, уште повеќе ме засака. Најверојатно оти ќе има можност повеќе да ме тера да ги пеглам тоа куповите со алишта. Ама ако, дури и пеглањето е поарно од гледањето онакви вести.