И сега? Каде ќе се дислоцира конечно Центарот за зависници?

И жителите на Гази Баба ја извојуваа битката Центарот за зависници од Кисела Вода да не се пресели во мензата на тамошна фабрика, како што дозволи градоначалникот Борче Георгиевски. По два протести на кои беше повеќе од јасно дека жителите на оваа населба нема да дозволат дислокацијата да се случи во нивниот реон, одлуката беше елиминирана.
Имено, на последниот протест тие дури и побараа оставка од градоначалникот, ако поинакво решение не се најде.
Сега одново почнува сагата: каде ќе се дислоцира Центарот за зависници? Населените места, како Кисела Вода, Гази Баба, очигледно не доаѓаат предвид. И додека Гази Баба извојува битка, рундата останува пак во Кисела Вода, каде жителите чекаат солуција многу време.
Нов протест во Кисела Вода или итно друго решение, што ќе преземе министерството за здравство?
Само сега да не биде во некоја друга локација каде повторно ќе има протести… и така до недоглед. Мора да се најде конечно решение од кое ќе бидат задоволни и здравствените власти и зависниците и граѓаните.