И „сухоите“ одлетаа како помош од Македонија за Украина

На Украина и се донирани и четирите воени авиони „СУ-25“ што Македонија за време на конфликтот во 2001 година, објави порталот МКД.мк. Од Министерството за одбрана не ја демантираат информација објавена, ниту пак ја потвррдуваат. Станува збор за авионите, своевремено купени за четиримилиони евра,  што Македонија планираше да ги продаде уште во 2004 година.

Како што наведува објавената информација, Министерството за одбрана одговорило дека точните детали за сите три одлуки, нивната содржина и објаснување ќе бидат декласифицирани и транспарентно објавени во деновите што следат. Со досега донесените одлуки не се нарушува борбената готовност на македонската армија, стои во објавата на МО.

Инаку деновиве, по објавувањето на фотографии од тенкови натоварени на камиони, Министерството за одбрана едноставно беше принудено да ја потврди информацијата за донацијата на тенкови на Украина.

Инаку, за време на конфликтот во Македонија, во јуни 2001 година Македонија купи четири борбени авиони „сухој СУ-25“ од Украина, три едноседи и еден двосед. Авионите се конструирани за блиска поддршка на пешадијата, а за време на конфликтот имаа неколку бопбени летови како поддршка на копнените дејцтва на безбедносните македонски сили.

Во пролетта 2003 година македонското Министерство за одбрана декларира дека во формацискиот состав на АРМ веќе нема потреба од борбените авиони, а во 2004 година авионите беа приземјени, конзевирани и подготвени за продажба.

Претходна вестРускоска бара помош од амбасадите на САД и на ЕУ: Имам притисоци од владин функционер
Следна вестМашински инженер Драган Илиевски ќе раководи со ЗОО Скопје