И Талат Џафери испрати честитка до македонската армија

Денеска се слави – денот на Армијата на Македонија. По тој повод има свеченост на која се обраќа и Претседателот и врховен командант на Армијата – Стево Пендаровски.

Честитка до началникот на генералштабот упати претседателот на Собранието Талат Џафери.

-Во име пратениците во Собранието на Република Македонија и во мое лично име Ви го честитам 18 август, Денот на Армијата на Република Македонија Вам, на војниците од сите чинови, цивилните службеници во Армијата и на сите граѓани, се вели во честитката од Џафери.

Во овие 30 години, се нагласува во честитката, припадниците на Армијата несебично се посветени на својата благородна задача – зачувување и обезбедување на интегритетот и суверенитетот на Република Македонија и секојневно придонесуваат во безбедноста и стабилноста на државата.

-Професионалноста која секојдневно ја покажувате е за особена почит и е пример за сите, затоа граѓаните имаат огромна доверба во капацитетите и подготвеноста на припадниците на Армијата. Имав чест и привилегија да бидам дел од Армијата и да придонесам во остварување на Евро – Атлантските цели на државата како офицер во АРМ, заменик министер и министер за одбрана – периоди од мојата кариера на кои со гордост се навраќам, посочува Џафери во честитката.

Претходна вестДвајца гостиварци фатени со 34 пакетчиња хероин
Следна вестШтом требало да се штеди зошто не се укинат 3 – 4 министерства?