Home ПЕНАЛ И тие што го мразат мора да му ракоплескаат: Ѓоковиќ е феномен, инспирација…

И тие што го мразат мора да му ракоплескаат: Ѓоковиќ е феномен, инспирација…

0
И тие што го мразат мора да му ракоплескаат: Ѓоковиќ е феномен, инспирација…

Ништо ново кај феноменалниот српски тенисер – Новак Ѓоковиќ. Тој синоќа пак покажа дека е најдобар тенисер на светот на сите времиња. За многумина Новак е и воопшто најдобар спортист на денешницата.

Тенискиот гениј со ново маестрално издание стигна до триумф на АТП-шампионатот во Торино. За противник го имаше одличниот Јаник Синер кој мораше да му признае на Ѓоковиќ дека е најдобар.

-Му честитам на Ѓоковиќ за сите освоени титули. Ти си голема инспирација за нас помладите, истакна тенисерот кој е 4-ти на светската листа.

Новак и надвор од спортот е инспирација за сите кои сакаат да бидат вистински личности. Неговиот стил на живот, неговата независност и несебичност, неговата приврзаност за семејството и својата Србија се инспиративни.

Еве една слика од тоа каков е Новак надвор од теренот:

-Момче по име Лоренцо Петрини на својот Инстаграм профил откри дека Новак му го платил неговото патувањето и сместување и го донел во Торино, и му приредил незаборавен ден таму кубувајки му и билет да го гледа тениски натпревар. Момчето во инвалидска количка има 24 години и неговото мото е „живеј, сонувај, биди среќен“. Новак дознал за него и го побарал…

Еве втора слика од тоа каков е Новак надвор од теренот:

-Ние спортистите имаме пари, внимание, слава, тоа ни отвора многу врати, но постои и друга страна од приказната. Жалам што спортот се претвори во бизнис, тоа е посебно изразено кај нас, но и во другите земји. Зборувам за обложувалниците. Кладилници има на секое ќоше, станаа чести како пекарите на времето. Обложувалниците станаа дел од секојдневниот живот, многу луѓе се обложуваат, се ставаат себе во незавидна финансиска положба и ризикуваат за да се обложат на кошаркарски, фудбалски или тениски меч. Обложувалниците направија да има многу повеќе тензија во спортот, рече тој, објаснувајки дека никогаш нема да текламира кладилници.

Има уште многу такви слики, како онаа кога победи во својата замисла да не се вакцинира под диктат, а сепак да остане шампион иако го исфрлаа од турнири, а во Австралија дури и го притворија и депортираа.

И на сето тоа, кај многумина, особено во западниот дел од светот, Новак е на удар и има негативни коментари на социјалните мрежи за него. Според истражувањето на „World Sports Network“, секој петти твит што некој го пишува за него е негативен. Новак често го нарекуваат „себичен“, додека некои „се надеваат дека никогаш повеќе нема да освои грен слем трофеј“. Го удираа без посебен повод и мноштво на медиуми.

Ама, тенисерот има одговор за сите нив:

–Искрено, би бил изненаден да беше поинаку. Знаете како велеше Коби Брајант: ‘Супер е кога некој те мрази, затоа што не се мразат добрите, туку најдобрите’. Не мразам никого, така ги воспитувам моите деца. Омразата е ужасна емоција, го прокоментира сето тоа Ѓоковиќ.

И така, Новак не се осврнува на мрчаторите и продолжува да победува, продолжува да биде инспиративен за секој кој сака вистински, чесен, а голем успех.

На оние што го мразат не им останува ништо друго освен да почнат да му ракоплескаат. А ќе имаат време за тоа – фуриозниот тенисер не подзастанува иако има 36 години.

Тој е феномен каков, се чини, немало во спортот!