И успешните грешат – вечерва во Кино Култура популарни личности ќе зборуваат за своите грешки

И најуспешните можат да згрешат е темата на шестото по издание на манифестацијата „iFail“ која е во организација на тимот на „Global Shapers Skopje“, во соработка со Американското катче Скопје. Почнува во 19:30, ќе се случува во Кино Култура, а влезот е слободен. Говорници на овогодишниот настан ќе бидат Ирена Цветковиќ, Мартин Паноски, Искра Гешоска и Жарко Димитриоски.

-Сите грешиме, а ретки се тие што ги споделуваат нивните грешки со другите. И оваа година четворица професионалци и храбри луѓе ќе ги споделат своите приказни за грешките во нивните кариери, лекциите кои ги научиле и начините како ги надминале тие ситуации. Веруваме дека нивните приказни ќе ве инспирираат и мотивираат да верувате во своите соништа и храбро да чекорите кон нивно остварување, се вели во најавата за настанот.