И утрово општина Гази Баба рушеше дивоградба и спречи две нови да никнат

366

Утрово во заедничка акција со полицијата, општина Гази Баба урна дивоградба, на која, сопственикот продолжил со градежни активности и покрај издадено решение за запирање на градбата.
Како што објасни градоначaланикот Бобан Стефковски, станува збор за објект кој во моментот на интервенцијата беше во приземје – карабина фаза. Акцијата започна во 05:00 часот наутро.

Инаку, дополнително, како што објасни Стефковски, била спречена и изградба на уште два нови објекти, кои биле во почетна фаза со ископани темели, на истата локација, веднаш до објектот што се рушеше.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестМицотакис за протестите на земјоделците: Нема да подлегнеме на уцени од оние кои бараат, а не се подготвени на дијалог
Следна вестАеродром воведува анонимно оценување на работата на општината