И ВМРО-ДПМНЕ со 2.100 амандмани ги блокираше законите за покачување на платите во судството

Со поднесување на 2.100 амандмани пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ги блокираше четирите закони со кои се бараше покаченување на платите на судиите, јавните обвинители и судскиот и обвинителскиот совет. Четири закони беа на дневен ред на седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, а откако беше констатирано дека за секој од законите има поднесено по околу 500 амандамни, таа беше прекината.

Дајанчо Ефтимов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција во Собранието истакна дека ова треба да биде последна мерка.

-Во услови кога инфлацијата во државата е на алармантно ниво, кога стопанствениците едвај даваат плати на своите вработени, кога граѓаните едвај врзуваат крај со крај, новата Влада со очигледно стари навики, не отстапува од намерата да ги зголеми платите на судиите и обвинителите. Пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата не е против покачувањето на платите на судиите и јавните обвинители, но како одговорни пратеници реагираме од принципилени причини бидејќи токму покачувањето на платите во судството треба да биде последната, а не првата мерка која што оваа Влада треба да ја направи, рече Ефтимов.

Претходно на Комисијата за политичким систем и пратениците од владејачката коалиција и опозицијата ги поддржаа измените на Законот за Собрание за изедначување на платите со минималната плата, како и Законот за амнестија, со којшто ќе се одредат условни казни за лицата кои беа казнети за врема на ковид пандемијата.

Денеска и партијата Левица со поднесување на 2.400 амандмани го блокираше покачувањето на платите на судиите и обвинителите.

Претходна вестЗдруженијата кои трагаат по националниот идентитет се важни за демократијата, образложение на грчкиот суд за постоењето на „Центарот за македонски јазик“
Следна вестКремљ им порача на руските функционери да не користат Ајфони