И во „Ауди“ се чудат, како едно возило собира 12 мигранти

Скопјанец бил фатен од страна на полицијата во населбата Карпош 1 откако се дал во бегство заради тоа што бил откриен како шверцува дури 12 мигранти во својот автомобил.

Полицијата соопшти дека триесет и седумгодишниот И.Б. од Скопје бил запрен од страна на полицијата во близнина на бензинската пумпа на автопатот Куманово –Табановце. Откако од автомобилот „ауди 8“ излегле 12 мигранти, Б.И. го стартувал автомобилот и избегал кон Скопје, но бил откриен во населбата Карпош 1 каде бил и уапсен.

Полицијата најави дека против него денеска до ОЈО ќе поднесе кривична пријава.

Останува нејасно, како успеваат шверцерите во еден автомобил да напикаат 12 мигранти. Сигурно и во „Ауди“ би сакале да го знаат изумот.