И во новогодишната ноќ Скопје меѓу 10 најзагадени градови во светот

Меѓу првите десет светски градови со најзагаден воздух се најде попладнево Скопје, на истекот на последниот ден од 2022 година. Околу 16 часот беше на осмо, а околу 17 часот на 9 место според степенот на загаденост. Мерните инструменти на интернационална веб-страница IQAir измерија индекс на загаденост на воздухот од 174 а беше ставена назнака дека воздухот е „нездрав“. Во светот, најзагаден воздух дишеа жителите на Уланбатор, Монголија, каде што имаше индекс 477.

Попладнево, во Скопје имаше зони каде воздухот беше премногу опасен за дишење, како една локација во Општина Кисела Вода каде беше измерен индексот 301! Кар Ректоратот во ценгтарот на Скопје загаденоста изнесуваше 186, во Ново Лисиче 182, во Карпош 4 – 178, во Ѓорче Петров 165 итн.

Како сето ова ќе се одрази на посетеноста на главниот скопски плоштад, на кој вечерва се најавува настап на музички ѕвезди, останува да се види.

При крајот на денот и во Тетово се дишеше опасен воздух со индекс 187,  во струмичко Ново Село 168, а беше загадено и во Кавадарци, Гостивар, Струмица…

Медицинските експерти советуваат за време на новогодишната ноќ во овие градови, при престојот на отворено, да се носи заштитна маска Н95 со филтер.

Претходна вестПоловина од домашниот буџет лани се трошела за храна и пијалоци, најмногу за леб, компири, јаболки, млеко и пилешко месо, најмалку за грашок и боранија
Следна вестПрвото бебе во 2023 година во Македонија се роди минута по полноќ