И Водовод и Бутел кренаа раце, Љубанци 16 дена нема капка вода

Поминаа 16 дена а жителите на Љубанци останаа жедни во пеколните горештини и без основни услови за живот: вода. Исклучена им е две недели, а нивното секојдневие е во агонија.

-Немаме 15 дена вода,значи не препраќаат од едно место на друго, ме праќа во месна заедница, прашувам телефонски, сите одговорни ги прашав, се јавив на сите, сите ми велат не можат тие проблемот да го решат. Ме праќаат во општина, од општина во Водовод, истата песна ми ја вртат. Не знам каде да наполнам вода, нема каде да наполнам! На раце треба да носам! вели жител на Љубанци

Најстрашно од се е што институциите кои се надлежни се изземаа од решавање на проблемот, топката ја префрлија на другиот и никој не сноси одговорност што зараза и болести, во среде пеколни горештини ги демнат жителите на Љубанци. Од општина Бутел уште пред една недела прстот го вперија во ЈП Водовод и Канализација. Оттаму молк се до вчера, кога на инсистирање на новинарите дадоа неодреден одговор, а спас за Љубанци пак нема.

-Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, врз основа на своите ингеренции, во изминатиот период, излегоа на терен и направија проверка на цевководот од системот за водоснабдување во село Љубанци. При проверката беше потврдено дека нема дефекти на водоводната мрежа, а двата диви приклучоци кои беа откриени, веднаш беа отстранети, велат од претпријатието за Алфа.

Агонијата на жителите на Љубанци продолжува, до кога е непознато.

Претходна вестСудски совет го разреши судијата Горан Бошевски поради нестручност – „Траекторија“ на почеток
Следна вестСончево и топло време со максимални температури до 36 степени